бркаат
Вид збор: Глагол, несвршен
буни, збунува
Примери:
Писателот ги брка тие два поима.
(се брка) се буни, се збунува
Примери:
Детево многу се брка кога одговара пред цел клас.
бунат
Вид збор: Глагол, несвршен
збунува, збркува
Албански:
sjellë në konfuzion
Примери:
Ме буни помислата дека е веста навистина точна.
(се буни) Се брка, се збркува.
Примери:
Моето дете многу се буни кога одговара пред наставничката.
дезориентираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Предизвика, предизвикува дезориентација; внесе, внесува забуна, збрка кај некого, во нешто.
Примери:
Нашата акција го дезориентира противникот.
Вид збор: Глагол, свршен
Збунува сосема, предизвика уште поголема забуна.
Примери:
Ме дозбуни со твоите коментари.
забркаат
Вид збор: Глагол, свршен
збуни
Примери:
Ова неочекувано прашање го забрка човекот.
(се забрка) се збуни
Примери:
Кога ја виде, се забрка уште повеќе.
забунат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика забуна, збуни, збрка.
Примери:
Неговата постапка ги забуни присутните.
(се забуни) Се збуни, се збрка, се најде во забуна.
Примери:
Се забуни и ништо не проговори.
замелушат
Вид збор: Глагол, свршен
Силно замае, збуни, зашемети.
Албански:
habis, bën konfuz
Примери:
Таа го замелуши со својата дрскост.
(се замелуши) Се замае, се збуни, се зашемети.
Албански:
habitem, trullosem
Примери:
Тој се замелуши од непријатната сцена.
заменат
Вид збор: Глагол, свршен
Побрка, смеша едно нешто со друго исто или слично нешто.
Албански:
ndërroj, ngatërroj
Примери:
Некој ми го заменил мојот молив со друг.
замрсат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да биде нејасно, неразбирливо.
Примери:
Тој ги замрси сите работи.
заплеткаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се заплетка) За говор - се збуни, се збрка.
Примери:
Тој се заплетка и запелтечи нешто.
запнат
Вид збор: Глагол, свршен
За говор - се заплетка, се збрка.
Примери:
Тој запна и не си го доврши зборот.
збркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Збуни некого, направи, предизвика забуна, збрка, мешаница.
Примери:
Сакајќи да му помогне, уште повеќе го збрка со разни потпрашања.
(се збрка) се збуни
Примери:
Кога го виде, поцрвене и се збрка.
збрложат
Вид збор: Глагол, свршен
Збуни некого.
Примери:
Ненадејното невреме ги збрложи луѓето.
(се збрложи) Се збуни.
Примери:
Селаните кога слушнаа, се збрложија.
збунат
Вид збор: Глагол, свршен
Доведе некого во состојба да згреши, да се збрка, да се најде во забуна, во недоумица.
Примери:
Нејзиното однесување го збуни.
(се збуни) Доведе до забуна.
Примери:
Тој се збуни, но не одговори.
Вид збор: Глагол, свршен
измеша, разбуричка
Албански:
përzij, çrregulloj
Примери:
Тој малку ги избрка работите.
Вид збор: Глагол, свршен
(се изгуби) Се занесе, стане неразумен, изгубен, дезориентиран.
Примери:
Во новата ситуација, тој сосема се изгуби.
Вид збор: Глагол, свршен
Замени, згреши поими.
Примери:
Тој ги измешал работите при раскажувањето.
испобркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Измеша нешто во голема мера.
Албански:
tollovit, përziej
Примери:
Ги испобркавме патиштата и се изгубивме во шумата.
(се испобрка) Се збуни.
Примери:
Се испобркав и ништо не направив на испитот.
обезглават
Вид збор: Глагол, свршен
Избезуми, збуни некого.
Примери:
Интервенциите во монетарниот систем ги обезглавија луѓето.
пливаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Без да располага со знаења, одговара заплеткано и набавтана.
Примери:
Пливаше на испитот.
сметат
Вид збор: Глагол, свршен
збуни, збрка
Примери:
Го смете во сметањето.
(се смете) се збуни, се збрка.
Примери:
И тој се смете.
смешаат
Вид збор: Глагол, свршен
Грешно прими едно нешто за друго, или некој за друг.
Примери:
Ги смешав, мислев дека е докторот.
(се смеша) Загуби обичен ред, поредок.
Примери:
Ми се смешаа мислите.
сплетат
Вид збор: Глагол, свршен
збрка, збуни
Примери:
Го сплете со прашањата.
(се сплете) се збрка, се збуни
Примери:
Се сплете на испитот.
сплеткаат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи сплетка, вовлече некого во некоја сплетка.
Примери:
Ги сплеткал работите.
Збуни некого.
Примери:
Тоа ме сплетка, не можев да размислам.
(се сплетка) се збрка, се збуни
Примери:
Пак ќе се сплетка пред него.
шашардисаат
Вид збор: Глагол, свршен
збуни, изненади
Турски:
şaşırmak
Албански:
çapërdis, hutoj
Употреба:
Разговорно
Примери:
Го шашардиса детето.
(се шашардиса) Се збунува, се изненадува (и од страв).
Албански:
çapërdisem, hutohem
Употреба:
Разговорно